МЗТ Скопје ќе плати 50.000 денари за навредлив транспарент против Блокотехна

МЗТ Скопје дојде до голема победа над Блокотехна, но актуелниот првак ќе треба да плати 50.000 денари за однесувањето на неговите навивачи за време на дерби натпреварот од минатото суперлигашко коло.

Причина е транспарентот што се појави на трибините, со кој се навредуваше првиот човек на гостинскиот клуб, а кој навивачите одбиваа да го отстранат. Поради тоа доцнеше и стартот на второто полувреме, потоа истиот транспарент се појави на друга трибина, целата ситуација беше детално впишана во делегатскиот записник, по што беше донесена одлука за казнување на МЗТ Скопје со 50.000 денари, од кои 20.000 денари за неспортско навивање, а 30.000 денари за истакнување парола со навредлива содржина.

Среќна околност за МЗТ е што транспарентот сепак беше отстранет, бидејќи доколку тоа не се случеше шампионот ќе добиеше и суспензија од еден меч, и тоа токму за дербито со Работнички.

Се вчитува...