Кошаркарите на Пелистер денеска од 18:30 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола во третиот натпревар од финалето во битката за шампионската титула го пречекуваат МЗТ Скопје. „Пелистерци“ во обид за победа и враќање во живот во финалето за намалување на негативата од 0-2 по двата меча во Скопје.
Со триумф, пак, денеска во Битола, МЗТ Скопје ќе слави нова титула во Македонија, четврти трофеј по ред или вкупно 11-та круна во својата клупска историја.
„Металците“ последните две титули ги освоија токму во финалето против Пелистер и двапати го прославуваа трофејот токму во Битола.
Победата на Пелистер ќе значи и следен четврти натпревар кој ќе се игра во „Боро Чурлевски“ во Битола. „Мајсторката“, пак, доколу е неопходна ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА