МЗТ Скопје им се врати на победите во Првата кошаркарска лига откако во 20. коло на домашен терен славеше против ривалот ТФТ со 74-68.
Отварањето на средбата беше во знакот на аеродромци кои ја завршија првата четвртина со серија од 8-1 за предност од 20-11, предност која се постави како доволна за 15-тиот триумф во сезоната и покрај налетот на скопскиот ривал кој во третата четвртина намали на 45-39.
По преполување на предноста, на сцена за МЗТ Скопје настапи Едвин, реализираше осум поени во низа па домаќините ја задржаа високата предност и без потешкотии ја сочуваа и до самиот крај.
Со дабл-дабл од 23 поени и 12 скокови Едвин беше лидер на МЗТ Скопје, додека со 20 поени и седум скокови Зафиров го предводеше ТФТ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА