МЗТ Скопје рутински стигна до нова победа во Супер-лигата откако на домашен терен го совлада „фенерџијата“ КК Ангели со убедливи 95-74. „Металците“ единствениот пораз сезонава го имаат токму од Ангели, и тоа службен поради играњето на непријавен кошаркар во записникот, а „сино-белите“ од Аеродром јасно ја потврдија разликата во квалитет на овој дуел, рутински прокнижувајќи нови бодови.
Аеродромци одиграа фуриозно прво полувреме во кое постигнаа дури 58 поени, на одмор заминувајќи со убедливи 58-39. Тренерот Атанасов на овој дуел им даде заслужен одмор на Војдан Стојановски и на Магдевски, но шампионот и без овие двајца клучни кошаркари рутински ја одработе задачата, на крајот триумфирајќќи со конечните „плус 21“.
Гил беше прв стрелец на МЗТ со 22 поени, Марин Петков одигра уште еден квалитетен меч постигнувајќи 15 поени, додека прв стрелец на КК Ангели беше Рубин Стефанов со 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

