МЗТ Скопје немоќен пред босанскиот шампион Широки брег

Кошаркарите на МЗТ Скопје го доживеаја и седмиот пораз сезонава во АБА 2 лигата, овој пат на гостувањето од Широки брег во 19. коло од второто по квалитет кошаркарско регионално натпреварување. „Металците“ загубија со 89-77.

Уште во првото полувреме домашните се стекнаа со предност која на паузата изнесуваше осум поени (47-39). Во ист ритам кошаркарите на Широки продолжија и во второто полувреме постојано зголемувајќи ја предноста, за на крајот триумф од 89-77.

Најефикасен во победничкиот тим беше Дрежњак со 20 поени а 17 поени запиша Филиповиќ. Кај МЗТ Скопје Хајндс постигна 18 поени, дополнети и со четири асистенции, Крстевски мечот го заврши со 15 поени, а Маслинко постигна 12 поени. Дамјан Стојановски натпреварот го заврши со 11 поени.

За Широки брег ова 11-та победа, наспроти и осум порази во лигата, додека МЗТ Скопје и натаму е на втората позиција на табелата со 12 победи и седум порази.

Се вчитува...