МЗТ Скопје денеска го официјализираше доаѓањето на Иве Иванов, а во најскоро време се очекува актуелниот вицешампион на Македонија да комплетира уште еден трансфер, со што во Аеродром ќе пристигне Американецот Џејмс Вудард.
Станува збор за „комбо-бек“ кој ќе пристигне од редовите на литванскиот прволигаш Невезис. МЗТ летово веќе потпиша со еден плејмејкер од Невезис, Американецот Лестер Медфорд, а во завршна фаза се и разговорите за доаѓање на Вудард. Пред Невезис тој настапуваше за францускиот прволигаш Руен, каде во просек постигнуваше по 12,9 поени, пет скока и 2,1 асистенции по натпревари. Вудард во универзитетската кариера настапуваше за Тулса, при што имаше просек од 15,4 поени, 5,3 скокови и 2,4 асистенции по натпревар.
Вудард ќе биде четвртиот странец што МЗТ Скопје ќе го донесе за наредната сезона, по Иванов, Бојиќ и Медфорд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА