МЗТ Скопје одбраната на трофејот ја започна со победа над ТФТ

МЗТ Скопје одбраната на трофејот ја започна со победа, славејќи на гостувањето кај еден од најголемите ривали во сезоната ТФТ со 60-74. Избраниците на Петровиќ беа подобриот противник во поголемиот дел од мечот, навремено ги консолидираа своите редови по падот во втората четвртина, одиграа речиси перфектно во третата и сосема заслужено се радуваа на победа.

МЗТ Скопје го диктираше темпото на натпреварот уште од самото отварање. Добрата одбрана не дозволи лесни поени на ТФТ, а аеродромци беа и расположени во реализцијата за три поени во нападот па по 10. минути игра поведоа со 14-19. Домашниот состав успеа да одговори во втората четвртина, користејќи го неколкуминутниот „пост“ на гостите во нападот за превземање на предност (28-25), но браќата Стојановски не дозволија ТФТ да направи и позначајна предност. Напротив одговорија во нападот со осум поени во низа за ново водство кое овој пат беше задржано до полувремето (31-39).

Отварањето на второто полувреме беше и клучно за натпреварот. Аеродромци одиграа одлично во одбраната каде го примораа противникот на тешки обиди, а промашувањата на ТФТ знаеја како да ги искористат на спротивната страна. МЗТ Скопје ја доби третата четвртина со 20-10, со што стигна до предност од 41-59 пред последните десет минути кои беа само формалност.

По 12 поени за ТФТ постигнаа Ташовски, Стојановски и Андерсон, на кои бековите додадоа 5 асистенци, односно 4 скоока, додека крилниот играч забележа 7 скока. Со по 13 поени лидери на МЗТ Скопје беа Кефи и Крстевски на кои Американецот додаде 6 асистенции, а Македонецот 5 скока.

Се вчитува...