МЗТ Скопје победнички со Цедевита за крај на АБА 2

Македонскиот шампион МЗТ Скопје со победа над Цедевита од 87-82 стави крај на настапите во АБА 2 лигата сезонава.

„Металците“ славеа во шестото коло во меч во кој пресуди последната четвртина која македонскиот тим ја доби со 23-14. Претходно, МЗТ почна квалитетно во натпреварот добивајќи ги првите две четвртини, со предност од 46-42 на полувремето.

Но, откако гостите го добија третиот период од играта со 18-26, потоа следеше одличен финиш за конечна победа од 87-82.

Најдобар поединец во редовите на македонскиот шампион беше Војдан Стојановски со 17 поени, четири асистенции и два скока, а Маслинко заврши со 12 поени, пет скока и две асистенции. Кај Цедевита се издвои Расиќ со 17 поени.

На крај, МЗТ Скопје заврши на третото место во Групата А, завршувајќи го настапот во АБА2 лигата.

Се вчитува...