Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром го доживеаја третиот пораз во АБА 2 лигата сезонава откако вечерва на домашен терен загубија од српска Војводина со 73-78 во натпревар од 6. коло во второто по ранг регионално натпреварување.
По израмнетата прва четвртина по која избраниците на Васко Атанасов имаа позитива од 18-16, следуваше голем пад во вториот период во кој нашиот шампион постигна само 11 поени, а прими дури 29, па на пауза Србите заминаа со голема предност од 29-45.
Младиот Петков одигра одлично во третиот период кога македонскиот шампион предводен од него заигра многу подобро, па по 30 минути игра успеа да се приближи на само шест негатива 57-63. Добрата игра на аеродромци продолжи и на стартот на последниот период, а на пет минути до крајот со поените на Војдан Стојановски успеја да се приближат на само еден негатива 68-69.
Сепак, тоа беше се што направи МЗТ, а гостите на крајот се радуваа на триумф од 73-78. Гил со 17 и Петков со 16 поени беа најдобри поединци во нашиот табор, додека кај победникот Стаки постигна 20 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

