МЗТ Скопје останува доследен на најавите да доведе што повеќе млади талентирани кошаркари во своите редови, па актуелниот првак денеска и официјално потпиша договор со 18-годишниот Лука Стојановски, актуелен јуниорски репрезентативец на Македонија. Станува збор кошаркар кој потекнува од школата на Феникс 2010, а кој во сино-белиот табор доаѓа од Италија каде што настапуваше за тимот на Лидо ди Рома.
Стојановски беше еден од најдобрите во составот на Македонија на ланското ЕП, дивизија Б во Талин (Естонија), каде што имаше повеќе од солиден просек со 12,5 поени, 3,1 скока и 2,8 асистенции. Претходно, во 2015 и 2016 година беше дел од кадетската национална селекција на второлигашките континентални собири на кои имаше просек од 11 поени и 3,1 скока односно 11,4 поени, 3,9 скока и 4,4 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА