МЗТ Скопје продолжува со новите засилувања во пресрет новата сезона во која аеродромци ќе ги бранат трите домашни титули, но и ќе атакуваат на камбек во АБА лигата.
Најново засилување за актуелниот шампиона на Македонија е српскиот интернационалец Милош Копривица од кој се очекува да биде големо засилување во битката под обрачите.
207 сантиметри високиот центар со себе во Аеродром носи и богато искуство настапувајќи на регионалната сцена со настапи за Партизан, Мега, Ловќен, Подгорица и Стујеска. Во редовите на МЗТ Скопје сепак доаѓа од унгарскиот Капошвар каде минатата сезона бележел просек од 10.1 поен и 4.1 скок на 34 одиграни натпревари.
Србинот од второ засилување за МЗТ Скопје ова лето по Американецот Брандон Слај. Претходно „сино-белите“ ги продолжија договорите и со Марко Баковиќ и браќата Дамјан и Војдан Стојановски, а тренерот Васко Атанасов на располагање ги има и Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Андоноски и Марко Миловановиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА