МЗТ Скопје против Јахорина по трет триумф во АБА 2

Кошаркарскиот шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе ја пречека Јахорина во натпревар од 4. коло од новата сезона во АБА 2 лигата.

Тренерот на „металците“ Васко Атанасов по двете победи и едниот пораз досега, се надева на трет успех сезонава.

„Пред нас е натпревар во кој мораме да одиграме најдобро што знаеме и да дојдеме до значајна победа, со која ќе останеме во горниот дел од табелата. Јахорина можеби е дебитант во АБА2, но е екипа за почит, со состав кој никако не смее да биде потценет. Двете досегашни победи го потврдуваат тоа. Но, сигурен сум дека квалитетот и искуството се на наша страна, а предност ни е и настапот на домашен терен, каде што очекувам да имаме голема поддршка од трибините“, вели тренерот на МЗТ Скопје, Васко Атанасов.

Средбата која ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје е закажан со почеток во 20.45 часот.

Се вчитува...