Младинскиот состав на МЗТ Скопје утре го започнува јуниорското јадранско првенство, а прва мречка за младите „металци“ ќе биде екипата на Морнар.
На првентството ќе учествуваат 10 екипи кои ќе бидат поделени во две групи: А и Б, и ќе претставува прва фаза на ова натпреварување. Македонскиот претставник е во групата А заедно со Цибона, Црвена звезда, Мега Бемакс и Морнар. Групата Б ја сочинуваат Цедевита, Будуќност, Игокеа, Партизан и Петрол Олимпија.
Турнирот започнува утре и ќе трае се до недела, а натпреварите ќе се одржуваат во два градови, средбите од групата А ќе се играат во Белград, додека од групата Б ќе се играат во Загреб. Во групната фаза, сите екипи ќе ги одмерат силите меѓусебно, а во следната фаза ќе се пласираат првите две екипи од групите, односно првопласираната и второпласираната екипа од А и Б групата.
Натпреварот МЗТ Скопје – Морнар е закажан за утре со почеток од 18:30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА