МЗТ Скопје забележа уште една победа во Првата лига, славејќи рутински на домашен терен против Еуро Никел со резултат 71-61. „Металците“ одиграа квалитетен меч, тренерот Атанасов им даде шанса на сите кошаркари (со исклучок на повредениот Крстевски), а разликата во квалитет беше потврдена со добро издание на теренот и заслужена победа.
Првата четвртина мина во израмнета борба, по десет минути игра резултатот гласеше 20-17, позитива што „металците“ дополнително ја зголемија во вториот период. Двата тима се мачеа во нападот во овој дел од мечот, кавадарчани постигнаа само 9 поени наспроти 13 на аеродромци, на на одмор се замина со водство на актуелниот шампион од 33-25. Во последните десет минути се влезе со двоцифрена предност на МЗТ Скопје од 51-39, но Еуро Никел изненади со серија од 0-8 и се приближи на само четири поени негатива.
Сепак, домаќинот го издржа тој налет, по тајмаутот на Атанасов прецизни беа Војдан Стојановски и Петков, по што МЗТ се врати во ритам, повторно дојде до двоцифрена предност и заслужено славеше со конечни 71-61.
Танасковиќ одигра уште еден одличен меч за МЗТ со 18 поени и 11 скокови, 13 поени постигна Војдан Стојановски, а по 12 Робев и Расел. Кај Еуро Никел единствен со двофирен ефект беше Американецот Смит со 30 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА