МЗТ Скопје до пред еден месец беше многу блиску до амбисот наречен АБА2, но како што минува времето, така се зголемуваат шансите на македонскиот шампион во бробата за опстанок во елитното кошаркарско регионално натпреварување.
Денешниот дуел со ФМП повторно беше израмнет и решаваа нијанси, но радува што „металците“ почнаа ваквите натпревари да ги добиваат. Четвртата победа го израмнува МЗТ на претпоследното место со Борац, но што е уште поважно, ја зголемува самодовербата пред битките кои следат, а кои ќе бидат решавачки за опстанокот.
МЗТ Скопје се буди кога е најважно, но како што кажа и самиот тренер Николиќ, ова е само еден мал чекор во пресрет на вистинските битки кои допрва следат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА