МЗТ Скопје се раздели со Американецот Седрик Расел

Американецот Седрик Расел од денеска и официјално повеќе не е кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром, откако со него беше потпишан спогодбен раскин на договорот.

„Оваа одлука e донесена во заеднички интерес, со цел двете страни да пронајдат подобри опции за до крајот на сезоната“ – информираат од КК МЗТ Скопје Аеродром.

Американскиот бек во домашното првенство одигра 13 средби со просечна реализација на 10 поени со не баш сјајна 39,8% прецизност, додека во АБА2 настапи на осум меча со просек од 13 поени со за нијанса попрецизен шут.

„Управата на клубот веќе е во потрага по поквалитетна опција на бековската позиција, со цел тимот да влезе уште посилен во вториот дел од сезоната во кој атакуваме на домашните трофеи како и на што е можно подобар пласман во регионалното натпреварување“ – велат од МЗТ Скопје.

Се вчитува...