По вчерашната обнова на договорите со браќата Дамјан и Војдан Стојановски, МЗТ Скопје Аеродром го промовираше и првото странско засилување за следната сезона, Американецот Брандон Слај.
27-годишниот бек-шутер, со петгодишно европско искуство и двоцифрен поентерски просек во секоја од екипите за кои настапувал, добро ги знае приликите во регонот, со оглед што минатата сезона ја мина во дресот на Подгорица, која беше противник на македонскиот шампион во АБА2-лигата, каде што реализираше по речиси 15 поени. Слај претходно одигра две години во Грузија во екипите на Вера и Тбилиси, а потоа беше дел од романскиот тим Таргу Жиу и фински КТП баскет.
Сепак, Слај нема да може да биде регистриран во федерацијата поради забраната за трансфери од ФИБА. Се очекува раководството на „металците“ да ги разреши овие проблеми за да може со комплетен тим и со нови странски кошаркари да се стартува новата сезона.
Актуелен договор со МЗТ Скопје имаат Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Андоноски и Марко Миловановиќ, додека во следниот период, како што најавуваат од тимот од Аеродром, „ќе следат и дополнителните засилувања меѓу кои ќе бидат квалитетни Македонци и уште неколку одлични интернационалци“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА