МЗТ Скопје со доминација го скрши Работнички (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кошаркарите на МЗТ Скопје го победија Работнички со 90-72 во градското дерби вечерва одиграно во СРЦ „Кале“. „Металците“ беа поконцентрирани во нападите во динамичниот натпревар во кој клучни беа првите три четвртини, кога „металците“ направија голема предност, па опуштањето во последниот период немаше влијание на конечната победа.

Во првата четвртина се играше речиси израмнето, ниту еден од двата тима не успеа да направи поголема разлика од три поени, но на крајот МЗТ замина на првата пауза со 25-21. Меѓутоа на почетокот на втората четвртина направија серија со која дојдоа до +11, и таа само ја зголемуваа за +14 на полувремето.

МЗТ продолжи во ист ритам и во третата, го зголеми водството на +18 пред финишот, и со 74-56 влегоа во последната четвртина. Највисоките +22 поени, МЗТ ги направи на стартот од четвртиот период, и потоа како да се опуштија, па Работнички успеа да намали и да стигне до -15, и напад за да ја направи завршницата понеизвесна. Но не само што не искористија, туку дозволија МЗТ одново да замине на недостижна предност, и предвреме да го реши победникот на ова дерби.

МекКејден со 22 поени беше најдобар поединец на средбата. Го лседеа Војдан Стојановски со 18 и Петков со 17. Кај Работнички Алстон со 20 беше најефикасен, а Наков постигна 17 поени.

Се вчитува...