МЗТ Скопје Аеродром со триумф над Арис од 70-66 (11-14, 18-15, 20-16, 21-21) ги почна подготовките во Солун.
„Штрковите“ одиграа одичен натпревар, а особено доминираа од зад линијата за три поени. За оваа статистика сведочат постигнатите 12 тројки, во што предничеа Дамјан Стојановски и Страхиња Миќовиќ со по три.
Војдан Стојановски со 16 поени беше најпрецизен кај МЗТ Скопје, а двоцифрен ефект имаа и Мицовиќ со 15 и Д. Стојановски со 11 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

