МЗТ Скопје со рутинска победа над Кожув

Кошаркарите на МЗТ Скопје запишаа рутинска победа од 101-79 над Кожув во Првата македонска кошаркарска лига, со што го продолжуваат максималниот ефект сезонава.

„Металците“ уште од стартот покажаа кој е кој на мечот, иако гостите пружија сериозен отпор во првиот период од играта. Но, втората четвртина домашните ја добија со 29-15 и тогаш веќе беше јасно кој ќе ја однесе победата.

Во второто полувреме уште поубедливо добивањето на третата четвртина, а потоа низ комбиниран состав се дозволи гевгеличани да го ублажат поразот.

Магдевски со 21 поен, пет скока и пет асистенции беше најдобар поединец кај домашните, Жил заврши со 19 поени и седум скока, 15 поени постигна Петков а со 12 поени мечот го заврши Андоноски. Кај гостите се издвои Вашингтон со 30 постигнати поени.

Се вчитува...