МЗТ Скопје претрпе нов пораз во АБА-лигата, овојпат од Унион Олимпија, најкатастрофален на домашен терен во АБА-лигата во клупската историја.
Дебаклот само докажа дека МЗТ Скопје дефинитивно не заслужува место во регионалната елита, а последното место на табелата е апсолутно заслужено. Жално е што аеродромци во изминатите месеци од солиден колектив стана тим за потсмев, екипа на која ривалите си имаат „тим билдинг“ и си ја зголемуваат самодовербата.
Има ли дно оваа дупка во која падна шампионот… е најпоставуваното прашање во таборот на аеродромци, но со секоја следна средба станува јасно дека кризата е се подлабока и подлабока. Добра вест е само што АБА наскоро ќе заврши, но тогаш ќе почнат „македонските маки“, каде од МЗТ ќе се очекува атака на нова титула, а со ваков тим, тренер, и пред се пристап кон играта тоа сигурно ќе биде невозможна мисија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА