МЗТ Скопје убедлив во дербито против МКК Куманово, Работнички сигурен против Гостивар

Актуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром стигна до убедлив триумф на домашен терен против МКК Куманово од 73-60 во дерби натпреварот од 5. коло од новата сезона во Првата кошаркарска лига на Македонија.

Во првата четвртина и двата тима одиграа силно во одбраната па сето тоа резултираше по десет минути игра на семафорот да стои нерешено 12-12. Аеродромци одиграа за нијанса подобро во нападот во вториот период што беше доволно за на пауза да заминат со позитива од 29-23.

Во второто полувреме избраниците на Васко Атанасов успеаја да го урнат отпорот на противникот и на крајот да стигнат до изненадувачки лесен триумф од 73-60. Чарлс Гил со 23 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Александар Радукиќ постигна 17 поени.

До лесна и убедлива победа стигна и Работнички против Гостивар (75-50). Џордан Онил со 20 поени беше најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените Глен Абрам постигна 18 поени.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...