Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром дојдоа до убедлива победа во првиот од серијата пријателски средби во пресрет на новата сезона, синоќа во салата СРЦ Кале, славејќи против Феникс со 106-68 (19-20, 23-11, 22-17, 22-13, 20-7) во меч во кој со договор на двајцата тренери беа одиграни пет четвртини.
Повратникот Андреј Магдевски и новите засилувања Брандон Слај и Милош Копривица покажаа дека ќе бидат одлични засилувања за „металците“. Марко Миловановиќ со 14 поени беше најпрецизен во победничкиот тим на оваа средба, Марин Петков и Војдан Стојановски постигнаа по 12 поени, додека Марко Баковиќ и Магдевски реализираа по 11 поени.
Следниот контролен дуел за МЗТ Скопје е закажан за петок и тоа против вечниот ривал Работнички (20.30 часот) во полуфиналето од турнирот „Андреј Грковски-Тафта“ во организација на ТФТ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА