Актуелниот шампион на Македонија успеа во суперинтересен натпревар да слави на гостувањето кај ТФТ со 63-68 во меч од осмото коло од новата сезона во Првата лига.
Првото полувреме помина во една израмнета игра на двете страни, па ремито (35-35) по дваесет минути е реална слика за случувањата на теренот во СРЦ Кале.
Во второто полувреме тврдата игра на двете страни со одлично покривање во фазата на одбрана, доведе до тоа по 30 минути игра гостите да имаат само половина кош предност (52-53). Сепак, МЗТ во последниот период покажа зошто е актуелен шампион, а клучна беше тројката на Петков, а со неговите две слободни само стави печат на победата од 63-68.
Танасковиќ со 14 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Ташовски и Ефијен завршија со по 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА