Актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје Аеродром спречи вистинска сензација во Првата лига откако вечерва во меч од 21. коло многу потешко од очекуваното на домашен терен славеше над Вардар со 86-78.
Домаќините подобро го отворија натпреварот и веќе по десет минути игра имаа предност од 21-18. Со иста разлика ја добија и втората четвртина, па на пауза заминаа со позитива од шест поени 38-32.
Аутсајдерот на овој меч одигра неверојатен трет период во еден момент имаше и предност (54-55), но сепак шампионот успеа да ја задржи предноста и по три четвртини (60-57). Во последниот период металците успеаја некако да му се одлепат на противникот и да стигнат до триумф од 86-78. Ејасу Ворку со 16 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа 29 поени на Хусеин Бајрам.
На овој натпревар мора да се напомене дека актуелниот шампион играше без капитенот Дамјан Стојановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА