МЗТ Скопје во драматична завршница во последната минута едвај дојде до триумф од 79-72 против претпоследнопласираната екипа на ФМП Академија, спречувајќи сензација во првиот натпревар од 11. коло во Првата македонска кошаркарска лига.
„Металците“ одлично го почнаа мечот. Првата четвртина ја добија со 19-10 и ништо не навестуваше дека натпреварот ќе има неизвесна завршница.
Но, откако МЗТ на полувреме замина со предност од 35-26, извонредно одиграна трета четвртина на ФМП Академија која ја доби со 23-32, за да во последниот период од играта се влезе со израмнети 58-58.
И низ игра поен за поен во последната четвртина, во последните две минути од средбата повторно се влезе со еднакви 72-72. За да конечно шампионот со две едноподруго тројки, на Војдан Стојановски и на Баковиќ дојде до водство од 78-72 на една минута до крајот, со што и дефинитивно го скрши отпорот на гостите за конечни на крај 79-72.
Војдан Стојановски беше најдобар кај „аеродромци“ со 21 поен, а Баковиќ заврши со 15 постигнати поени. Ворку запиша 13 поени, а Танасковиќ заврши со 7 поени и 10 скока. Кај ФМП извонреден беше Омутао Огундиран со 29 поени, седум асистенции и шест скока.
За МЗТ Скопје ова е десетта победа сезонава, наспроти и еден пораз, дополнително зацврстувајќи се на врвот од табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА