Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје стигна и до третата победа годинава во АБА 2 лигата, откако во балонот кој се игра во хрватски Осијек, славеше над домашниот тим со 83-73.
Аеродромци како во „грч“ го стартуваа натпреварот, а Осијек на крилата на домашната публика на пауза да замине со предност од 37-43. Сепак, разликата во квалитет дојде до израз во второто полувреме во кое „металците“ со одлична игра стигнаа до целосен пресврт и конечен триумф од 83-73.
Дастин Вер со 22 поени беше прво име во таборот на победникот, додека еден помалку уфрли Милошевиќ. Кај поразените Тополовиќ заврши со 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА