МЗТ Скопје врати добро познато лице во Аеродром

МЗТ Скопје донесе одлично засилување во пресрет на новата сезона откако македонскиот првак утрово го официјализираше камбекот на крилниот центар Хуан Дејвис.

Овој 29-годишен крилен ценнтар пред три сезони настапуваше за МЗТ и даде значаен придонес во одличната сезона во која „металците“ обезбедија и влез во АБА1 лигата. Тој потоа се пресели во Задар, но летово ја прифати понудата за камбек меѓу аеродромци и ќе биде значаен адут на треерот Атанасов во сезоната што следи.

„Американецот Хуан Дејвис (29 год, 203 см) повторно ќе игра во сино-белиот дрес, кој повеќе од успешно го носеше во сезоната 2021/22. Станува збор за искусен крилен кошаркар, кој доаѓа на местото на сонародникот Грег Џонсон, кој не ги мина лекарските прегледи и мораше да замине. Дејвис потпиша договор за до крајот на сезоната“, објави МЗТ Скопје.

Дејвис доаѓа на местото на Грегори Џонсон, американскиот кошаркар кој дојде повреден во Скопје и македонскиот првак експресно ја прекиан соработката со него.

Се вчитува...