МЗТ со моќна победа над Јахорина до трета радост во АБА2

МЗТ Скопје во четвртата рунда ја забележа третата победа во АБА2 лигата, со што македонскиот шампион уште едаш ги потврди високите амбиции со кои влегува сезонава во ова регионално натпреварување. Аеродромци за противник во „Јане Сандански“ го имаа тимот на Јахорина, дуел што избраниците на Атанасов рутински славеа со убедливи 96-77.

МЗТ одигра моќно во првото полувреме, во кое „сино-белите“ за 20 минути постигнаа фантастични 57 поени (26 во првата, дури 31 во втората четвртина), на одмор заминувајќи со двоцифрени 57-47. Јасно беше дека беспрекорниот напад мора за момент да престане да ги служи „металците“, но МЗТ покажа и квалитет и искуство, го спушти противникот под 20 постигнати поени и во третиот и во четвртиот период, рутински одржувајќи ја двоцифрената предност.

Атанасов мора да биде задоволен од изданието на својот тим, Американецот Мекеден беше прв стрелец со 28 поени, а нова моќна партија прикажа и центарот Гил, стигнувајќи до дабл-дабл од 19 поени и 14 скокови, капитенот Дамјан Стојановски реализираше 13, а Бојан Крстевски го заврши мечот со 12 поени.

МЗТ Скопје во следното коло ќе му гостува на тимот на Златибор.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...