МЗТ со одлично второ полувреме ја отвори АБА 2 со победа

Кошаркарите на МЗТ Скопје со победа стартуваа во новата сезона во АБА 2 натпреварувањето. „Металците“ благодарение на одличното второ полувреме, успеаја да дојдат до победата од 75-63.

Проблемите на македонскиот тим беа во првите две четвртини, по кои гостите имаа предност. Во првата четвртина со +1, а на полувреме заминаа со +3. Меѓутоа МЗТ најде лек, и ја доби третата четвртина со дури 11 разлика (22-11), а потоа во ист стил продолжи и во последниот период. Во еден миг тимот од Аеродром направи разлика и од 19 поени, но во финишот се опушти, па му дозволи на противникот да се доближи, но во ниту еден момент победат ане беше доведена во прашање.

Мекејден со 21 поен беше најефикасен на средбата, а после него следуваше Смит со 18. Терзиќ кај Вршац со 17 беше најефикасен.

Се вчитува...