Кошаркарите на МЗТ ја оправдаа улогата на фаворити во мечот против Вардар, на отворањето на 7. коло во Првата „Мтел“ лига. Шампионот на крајот дојде до убедлива победа од 79-110.
Вардар добро парираше во првиот дел од мечот, но не можеа со исто темпо во текот на целиот меч, па така потклекнаа во второто полувреме, кога „металците“ ги донесоа работите на свое место.
На пауза се замина со 40-49, благодарение на добриот финиш од втората четвртина на „металците“. До крајот само ја зголемуваа предноста, која на крајот беше убедлива.
Андоновски беше најефикасен со 19 поени, додека Дамјан Стојановски реализираше 16. Најефикасниот на мечот дојде од редовите на Вардар, односно Бајрам кој постигна 20 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА