МЗТ со супер-трансфер: Танасковиќ се врати во Аеродром

МЗТ Скопје го комплетира ростерот за продолжението од сезоната со враќањето на Душан Танасковиќ, кој повторно ќе го носи „сино-белиот“ дрес, откако клубот од Аеродром ја доби трката со грчки ПАОК за неговиот потпис.

Искусниот центар ќе претставува значително засилување во рекетот, особено во клучната фаза од сезоната во која МЗТ Скопје ќе се бори за остварување на примарната цел – враќање во елитната АБА лига. Танасковиќ е добро познат на аеродромските навивачи, бидејќи беше дел од тимот во сезоната 2023/24, кога МЗТ Скопје ја освои тројната круна на домашната сцена. Со своите партии тој беше меѓу најконстантните и најзаслужните кошаркари за големите успеси на клубот во таа сезона.

По заминувањето од Скопје, центарот настапуваше за Мега, а актуелната сезона ја започна во Борац Бања Лука. Во дресот на клубот од Република Српска одигра четири натпревари во АБА 2 лигата, на кои бележеше просек од 13 поени и 7,5 скока по натпревар.

Се вчитува...