МЗТ триумфално против Подгорица, сонот за АБА1 останува жив

МЗТ Скопје ja прекина мини-серијата од два порази во АБА2 лигата откако македонскиот првак вечерва на домашен терен ја совлада Подгорица со убедливи 67-54. Мечот беше од исклучителна важност бидејќи евентуален неуспех ќе значеше и збогување од шансите за Топ 8 и борба за влез во АБА1, но аеродромци одговорија на предизвикот, одиграа најдобро кога беше најважно и заслужено стигнаа до победата.

Максималната мотивација кај кошаркарите на МЗТ Скопје беше особено очигледна при ангажираната одбрана во првото полувреме, во кое на гостите од Црна Гора им беше дозволено да постигнат само 20 поени за 20 минути игра и „металците“ заминаа на одмор со убедливи 34-20. МЗТ имаше целосна контрола и во третиот период што го доби со 20-13, а убедливата предност придонесе во завршницата да дојде до пад на концентрацијата што противникот го искористи.

Подгорица се приближи на 51-53 на три минути до крајот, но МЗТ повторно да стегна одбраната во завршницата, реализираше неколку напади преку Танасковиќ и заслужено стигна до убедлива победа.

Танасковиќ одигра одлично со дабл-дабл од 14 поени и 13 скокови, Војдан Стојановски имаше 13 поени и 6 асистенции, а двоцифрен беше и Мекеден со 11 поени и 8 скокови.

МЗТ Скопје во последното коло го очекува тешко гостување против лидерот Широки Бријег, дуел на кој „металците“ исто така ќе мора да одат на победа за што подобар пласман во пресрет на почетокот на плејофот во АБА2 лигата.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...