МЗТ Скопје ги претстави првите странски засилувања за новата сезона, меѓу нив беше и Грегори Џонсон, но американскиот крилен кошаркар сепак воопшто нема да го облече дресот на македонскиот шампион.
Причина – Џонсон пристигнал повреден во Скопје, воопшто не бил во можност да тренира во изминатиот период, па „металците“ решиле воопшто да не го активираат договорот со Американецот.
„Подготовките, за жал, ќе ги продолжиме без ниското крило од САД, Грегори Џонсон, кој не ги мина лекарски прегледи поради повреда добиена во последните денови пред доаѓањето во Скопје. Нашиот медицински тим направи голем напор да го оспособи, но проблемот е сериозен и бара подолг период на опоравување надвор од теренот. Поради ова, договорот со Џонсон воопшто не ни стапи во сила и тој деновиве ќе си замине од Скопје, а клубот ќе нема никакви обврски кон него. Истовремено, веќе бараме ново засилување на неговата позиција, со цел максимално подготвени да ја дочекаме новата сезона“, објави македонскиот првак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

