На непријатното гостување кај Ловќен (18 часот), македонскиот кошаркарски вицепрвак, МЗТ Скопје Аеродром ќе се обиде ја да прекине низата порази во АБА 2 лигата. Во мечот од 15.коло, МЗТ ќе биде со најновото засилување, Предраг Самарџиски. Екипата и натаму е без повредените Лестер Медфорд и Љубомир Младеновски.
„Свесни сме дека не очекува можеби најтешкото гостување досега. За противник имаме екипа која игра одлична кошарка, со одлични бекови и високи играчи кои можат да шутираат за три поени. Ова е натпревар во кој немаме избор, мора да влеземе макимално пожртвувано и борбено. Ги знаеме сити нивни предности и слабости, а сметам дека победникот ќе го реши подобрата одбрана“ – вели во пресрет на вечерашното гостување, тренерот на МЗТ Ѓорѓи Кочов.
МЗТ и покрај двата порази и натаму е на втората позиција на табелата со биланс од 9-5, идентичен ефект има и сараевскиот Спарс на третото место. Во претходните две кола, МЗТ загуби од лидерот на табелата Приморска на домашен терен и на гостувањето кај Борац. На првиот сезонски дуел, македонскиот вицешампион забележа победа, по продолжение со 100-90.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА