МЗТ, во тежок меч, се намачи за триумф над Маџари (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кошаркарите на МЗТ Скопје забележаа нова победа во Првата македонска кошаркарска лига, овој пат во повеќе од интересна пресметка со екипата на Маџари, на крај триумфирајќи на гостувањето со 76-87.

„Металците“ ја продолжуваат битката за врвот на табелата со ТФТ Скопје, откако дојдоа до значајна победа на тешкото гостување против повеќе од цврстата екипа на Маџари која уште еднаш покажа зошто е најголемото изненадување во сезоната во елитното друштво, уште во првата година од изборениот прволигашки статус.

Избраниците на Мишо Тодоровиќ одлично го почнаа мечот максимално контролирајќи ја играта и резултатот во првата  четвртија која ја добија во своја корист со 24-22. Но, одлично одиграна втора четвртина на МЗТ Скопје која, се чини, го одлучи победникот на мечот. МЗТ го доби вториот период од играта со 11-25, заминувајќи на паузата со предност од 35-47.

Во третата четвртина, Маџари повторно се врати во игра, доаѓајќи во еден момент и на минус пет (54-59), за да МЗТ, сепак, влезе во последната четвртина со предност од 57-64.

Последниот период од играта повторно целосно им припадна на гостите, кои на крајот дојдоа до конечната победа од 76-87.

Најдобар во победничкиот тим беше Петков со 26 поени, шест скока и пет асистенции, а Мекејден заврши со 13 поени. Танасковиќ имаше 11 поени и 9 скока, а со 10 постигнати поени мечот го заврши Војдан Стојановски.

Кај Маџари, пет кошаркари завршија со двоцифрен број поени. Хот беше најдобар со „дабл-дабл“ од 15 поени и 14 скока, Грин запиша 14 поени, Армстронг имаше 13 поени, а по 12 поени постигнаа Левис и Стејплтон.

 

Се вчитува...