Шампионот МЗТ Скопје успеа да го совлада тимот на Чаир и тоа на крајот убедливо, откако имаше проблеми во првиот дел како да направи добра предност за помирен финиш. Во првата четвртина само минимална предност, а на полувремето „металците“ заминаа со пет поени разлика. Во третиот период целосно го „скршија“ противникот, добивајќи ја третата четвртина со 32-5. Последниот период исто така им припадна на домашните, но минимално со 26-25, за конечен убедлив триумф. Танасковиќ со 21 поен беше најефикасен.
Работнички успеа да го совлада Кожув во Гевгелија со 90-84. Натпреварот беше „нишалка“, па откако тимот од Дебар Маало ја доби првата четвртина, во втората и третата Кожув направи пресврт, па во последната замина со предност. Меѓутоа во последниот период Работнички успеа повторно да се врати во водство, и да го задржи до крајот. Трис со 21 поен кај гостите беше нерешлива енигма за домашните.
ФМП Академија направи големо изненадување, совладувајќи го Гостивар и тоа на негов терен со 92-90. „Академците“ дојдоа до победата благодарение на одличната игра во првиот и третиот период, дојдоа до триумфот. Залудно беа 32 поени на Инграм од Гостивар, додека Огундиран постигна 29 поени кај победничкиот тим.
Еуро Никел добро се намачи да дојде до победата над ТФТ и на крајот славеше со 66-65. Домашните на крајот за малку ќе зажалеа, затоа што можеа да го испуштат водството и да останат со празни раце, но беа присебни и стигнаа до бодовите. Вранес беше најефикасен со 23 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА