МЗТ за едно полувреме го преслуша Феникс

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ го совлада тимот на Феникс на гостувањето со 85-77 во 21. коло од првата кошаркарска лига.

„Металците“ за едно полувреме го решија победникот. На пауза заминаа со предност од 15 разлика (31-46), и на крај ја одржаа, и покрај тоа што третиот период го загубија со шест поени разлика (22-16). Во еден момент Феникс стигна до пет поени разлика, но без сила да направи пресврт.

Најефикасен на мечот беше Едвин кој постигна 21 поен, Магдевски даде 16. Кај поразениот тим Адетукаси и Димитриев постигнаа по 15 поени.

Се вчитува...