Н’голо Канте ја прифати богатата понуда од С. Арабија, па сега си купи сопствен клуб

Н’Голо Канте е само еден од низата европски фудбалери кои не можеа да ги одбијат милионите од Саудиска Арабија.

Иако важи за исклучително скромен фудбалер, на кого парите не му се важни, сепак не можеше да ја одбие понудата на Ал Итихад каде во следните две сезони ќе зема 200 милиони евра. Преголема сума за 32-годишниот фудбалер од средниот ред за така лесно да се одбие.

Па, откако ја договори соработката со Ал Итихад и ја чека официјалното потпишување и промоција, во меѓувреме Канте се одлучи да си купи и свој клуб, и тоа белгискиот Виртон кој сезонава испадна од Втората лига.

Канте наводно веќе ја видел клупската инфраструктура, и испратил понуда за купување на клубот која е прифатлива за досегашниот сопственик Флавио Беко.

Се вчитува...