Францускиот репрезентативец Н’голо Канте се поизвесно ја напушта Саудиска Арабија и се враќа на европскиот фудбал.
Искусниот играч од средниот ред игра во редовите на Ал Итихад, но сега е пред кам-бек во Премиер -лигата, свесен дека Саудиска Арабија не го нуди посакуваното ниво за неговите квалитети.
Сега, веќе има разговори за враќање во Англија, но во дресот на Вест Хем, чиј менаџер Жулен Лопетеги силно инсистира да го види во својот тим.
Се очекува да биде платена отштета од околу 23 милиони евра. Канте би дошол во Вест Хем, откако клубот и покрај обидите не успеа да го донесе Алеиш Гарсија од Жирона, кој го избра Баер Леверкузен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА