Францускиот репрезентативец Н’голо Канте повторно се враќа на европскиот континент, но овој пат во Шпанија.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, досегашниот член на саудијскиот Ал Итихад има понуда од Атлетико Мадрид која е на пат да ја прифати.
Дури Канте бил подготвен да ги намали своите финансиски услови, само за да се вклопи во буџетот со кој располагаат „јорганџиите“.
Веќе се реализирани првите разговори, па наскоро може да се случи и официјално да се оствари желбата на Диего Симеоно за квалитетно засилување во средниот ред. Негова комплетна желба, пак, е во средниот ред да ги спои Канте и Конор Галагер од Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА