На 100 години почина Никита Симонјан, еден од најдобрите напаѓачи во поранешниот СССР

Никита Павлович Симонијан, најдобриот стрелец на сите времиња на Спартак Москва, и еден од најдобрите фудбалери на поранешниот СССР, почина денес на 100-годишна возраст, соопшти клубот од Москва. 

Симонијан постигна 133 голови на 233 натпревари за Спартак, додека играше за нив од 1949 до 1959 година. Тој беше член на тимот на Советскиот Сојуз кој го освои златниот медал на Олимписките игри во Мелбурн во 1956 година.

Не играше многу за селекцијата на СССР, однонсо одигра само 20 меча и постигна 10 гола. По завршувањето на кариерата во 1959 година, стана тренер на Спартак, па селектор на СССР, па повторно во Спартак, беше и во Арарат, повторно селектор, а тренерската кариера ја заврши токму како предводник на селекцијата на СССР во 1988 година.

 

 

Се вчитува...