На 25-годишна возраст ги одби премиерлигашите за да игра во Саудиска Арабија

Повремениот француски репрезентативец и напаѓач кој досега ја тресеше мрежата за Астон Вила, Муса Диаби кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија каде ќе настапува за Ал Итихад откако англискиот и саудискиот клуб постигнаа договор за трансфер вреден 60 милиони евра.

Само 25-годишникот кој беше трансфер цел на повеќе премиерлигаши по успешниот настап за Астон Вила претходната сезона во кој забележа 10 голови и девет асистенции со клубот од Саудиска Арабија ќе потпише пет годишен договор.

Во Саудиска Арабија за соиграчи ќе ги има Карин Бензема, Нголо Канте, Фабињо и Жота, а ќе биде предводен од Лоран Блан.

Се вчитува...