На 41-годишна возраст легендарниот Хуертас се пензионираше од репрезентацијата на Бразил

На 41-годишна возраст и по 19 години поминати со бразилската репрезентација легендата на бразилската кошарка, Марселињо Хуертас замина во репрезентативна пензија.

Последниот натпревар во националниот тим за бекот беше против Соединетите американски држави во четвртфиналето на Летните олимписки игри каде северноамерканската репрезетнација ја потврди фаворитската улога и стигна од убедлива победа со повеќе од 120 постигнати поени.

Хуертас го заврши настапот на Олимпијадата како најстар кошаркар кој настап во Париз, а бележеше просек од 8.8 поени и 5.0 скокови.

Првиот репрезентативен настап Хуертас го имаше во 2005 година на шампионатот на Америка, а низ кариерата ја претставуваше својата држава на три Олимписки игри и пет Светски првенства освојувајќи медали на ФИБА Американскиот куп во 2005 и 2009 година.

Се вчитува...