Прославениот унгарски ватерполист Тибор Бенедек почина во 48-та година од животот.
Бенедек кој е најславниот унгарски ватерполист со бројни трофеи од големите натпреварувања, на почетокот од мај, дозна за враќање на тешката болест со која и претходно се соочуваше и се повлече од позицијата тренер на унгарскиот УВСЕ.
Бенедек со Унгарија трипати во низа стигна до олимпиското злато, а зад своето име ги има и европската и светската шампионска титула. Во клупската кариера пет пати ја освојуваше Лигата на шампионите. За најдобар ватерполист на Унгарија беше прогласуван четири пати, а во 2013 година како селектор на репрезентацијата на својата земја стигна и до светската шампионска круна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА