На 5. септември во чест на Дражен Петровиќ: Жељко Обрадовиќ, Лука Дончиќ, Владе Дивац, Факундо Кампацо, Марио Хезоња, Дејан Бодирога…

На 5. септември во Загреб ќе се одржи голем кошаркарски ревијален спектакл во чест на големата ѕвезда на хрватската и европска кошарка, Дражен Петровиќ.

Во Загреб ќе се соберат големи имиња на европската и светската кошарка во чест на легендарниот Дражен.

„Ќе организираме најпрво гала вечера на која ќе се сретнат лицата кои имаа големо влијание на Дражен и европската кошарка, а не се сретнале меѓу себе долги години наназад“ – вели организаторката Зденка Здрилиќ.

На ревијалниот натпревар двете екипи ќе бидат водени од тренерите Жељко Обрадовиќ и Невен Спахија, а ќе играат и тројца актуелни кошаркари на Реал Мадрид, Кампацо, Тавареш и Муса. Дел од спектаклот ќе биде и хрватскиот репрезентативец Марио Хезоња.

Но, нема да изостанат и НБА ѕвездите…

„Ќе биде тука Лука Дончиќ, а очекуваме потврда од уште неколку НБА ѕвзеди. Го очекуваме и Владе Дивац, а покрај тоа ќе бидат и претставниците на клубовите за кои Дражен играше во кариерата, како и актуелните челници на ФИБА предводени од Дејан Бодирога“ – информира Здрилиќ.

Се вчитува...