На 53 години почина една од најдобрите атлетичарки на Бугарија

На 53-годишна возраст, почина една од најдобрите бугарски атлетичарки Петја Пендарева. Пендарева ја загуби битката со тешката болест.

Пандарева беше дел од Олимписките игри во 1996 година. Во 2000 година на Европското првенство во сала го освои второто место, а во 1999 година се пласираше во полуфиналето на светското првенство.

На ЕП 1998 година го освои шестото место на 100 метри со 11,12 секунди, а четири години претходно беше финалистка. Има бронза од ЕП 1994 година во штафетата 4Х100 метри.

Се вчитува...