„На 7 метри со Костадин Петров“: Како дете бев поголем и подебел од сите (ВИДЕО)

Пикерот на ракометната репрезентација на Македонија Костадин Петров беше дел од рубриката на РК Алкалоид „На 7 метри со…“. Тој говореше за почетоците на неговата кариера, но и за тоа како се подготвува за натпреварите, но и дали има ритуали…

Петров вели дека доколку не бил ракометар дефинитивно ќе бил готвач, бидејќи готвењето му е хоби.

„Ракомет почнав да тренирам на седум години. Во мојата генерација бев поголем и подебел од сите. Цел ми е да освојам двојна титула со РК Алкалоид. Пред натпревар се подготвувам со добра музика и со кафе муабет со колегите и пријателите. Хоби ми е планинарње и многу сакам да готвам. Да не бев ракометар сигурно ќе бев готвач. На натпревар би ги повикал идолите Растко Стојковиќ и Жулен Агинагалде“, вели Петров. 

Видеото можете да го погледнете на следниот линк. 

Се вчитува...