На Алвес му се заканува казна од 9 години затвор

Шпанското обвинителство побарало од судот на поранешниот играч на Барселона, Дани Алвес му изрече казна затвор од девет години, поради сексуален напад за кој е обвинет.

Како што пренесе шпанската новинска агенција ЕФЕ, обвинителството бара девет години затвор за поранешниот играч на бразилската репрезентација за кривичното дело сексуален напад, и осомничен е дека извршил силување на млада жена во резервирана просторија на ноќен клуб во Барселона минатиот декември.

Според шпанските закони, казната затвор за вакво дело може да изнесува и 15 години. Исто така Обвинителството бара и Бразилецот да исплати отштета од 150.000 евра.

Алвес е во притвор од јануари, а од самиот почеток на аферата отфрла вина, кажувајќи дека девојката доброволно се согласила на секс со него.

Се вчитува...