На врвните американски спортисти би можело да им биде забрането учество на Олимписките игри и другите големи натпреварувања ако САД престане да ја плаќа членарината на Светската антидопинг организација (ВАДА), пренесува Ројтерс. ВАДА размислува за промена на правилата, што би можело да го загрози учеството на американските спортисти во Токио.
„Последиците на повлекувањето на финансирањето на ВАДА од страна на САД би можеле да бидат големи за американските спортисти. Голем број на владите во светот беа шокирани од одлуката на САД која може да стане преседан од светски размери. Сите кои работат против конвенцијата на УНЕСКО мора да бидат казнени“, стои во соопштението на ВАДА.
Се очекува конечната одлука да биде донесена на 14. и 15. септември кога има редовен состанок извршниот одбор на ВАДА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА